
Амбасадорот на ЕУ во Македонија Дејвид Гир денеска учествуваше на редовниот утрински брифинг на националните и странските воздухопловни тимови и директно на писта од воениот дел од аеродромот се запозна со противпожарните активности.
Сите домашни и странски сили, и по земја и од воздух, согласно оптималните услови на техниката и ситуацијата на терен, храбро и одлучно се борат да ги изгасат пожарите што земаа замав во нашата држава.

Амбасадорот Гир и директорот на ЦУК Ангелов од посадите на хеликоптерите и авионите пристигнати преку Механизмот на ЕУ за цивилна заштита беа запознаени со перфомансите и учинокот и имаа можност да ги видат леталата пред да започнат со нивните цели предвидени за денеска.
Директорот Ангелов се заблагодари на Амбасадорот Гир за поддршката од ЕУ Механизмот за цивилна заштита и неговото лично присуство и поддршка на здружените напори на националните и меѓународните сили за одбрана од разбеснетата огнена стихија.
Потоа Ангелов ги посети пилотите на авионите на ДЗС.


