
Tоме Божиновски, 85-годишен жител на Тафталиџе, кој беше пријавен за исчезнат пред пет дена, е пронајден мртов. Неговото семејство потврди дека Божиновски боледувал од деменција, што ја отежнало потрагата.
„Драги соседи, пријатели, познаници, огромна благодарност што изминатите пет дена бевте со нас и што неуморно го баравте. На 2 август 2024 година, нашиот родител, сопруг, ваш пријател и сограѓанин Томе Божиновски е најден починат,“ се вели во објавата од неговото семејство.