
Денес со дел од мојот тим излеговме на терен во месноста „Буково“, на тромеѓата помеѓу село Расино, с.Косел и с.Опејнца, каде активно гори борова шума.
Од лице место, за жал, мора да констатирам дека е зафатен поголем дел од борова шума и згрозен сум од апокалиптичните сцени на опожарените места. Во исто време, сакам да им се заблагодарам на пожртвуваноста на сите вклучени чинители во справувањето со огнената стихија – објави директорот на Биро за јавна безбедност Александар Јанев на својот фејсбук профил.
Воедно, тој истакна голема благодарност и за ангажираноста и посветеноста на хеликоптерските единици при МВР и МО, без чија воздушна поддршка не може да се стават под контрола пожарите, заради тешко пристапните терени.
-Апелирам до граѓаните! Внимавајте кога се движите по шумите, по нивите, полињата, сепак, општото здравје и човечките животи се нешто најскапоцено, а подметнувањето на пожари е еколошки криминал од највисок степен!, потенцираше Јанев.
-Денес најавувам ангажирање на сите расположливи дронови, кои ќе бидат во функција 24 часа, заедно со термалните камери, заради откривање на можни сторители-подметнувачи на пожари, посочи во својата објава директорот на БЈБ Јанев.

