
Македонскио фудбалскит репрезентативец, Дарко Чурлинов ќе игра на позајмица која ќе ја одработи во шампионот на Полска, Јагелонија Бјалисток.
Јагелонија беше најдобар полски клуб за минатата сезона и сега ја претставува својата држава во квалификациите за Лигата на шампионите каде вечерва ќе ги одмери силите со Бодо Глимт.
-Многу сум среќен поради овој трансфер. Со нетрпение очекувам да работиме заедно за да ги постигнеме тимските цели поставени за оваа сезона и да работам со клубот, порача Македонецот кој ќе го носи дресот со бројот 21 во новиот клуб.