
Поради технички зафати во водоводната мрежа со пречник од 700 милиметри на бул. „Александар Македонски“ бб. кај подвозникот АСУЦ, ноќеска од 02:00 часот по полноќ до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од бул. „Александар Македонски“.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во истиот термин со намален притисок на водата ќе бидат корисниците од ниската зона во населабата Автокоманда, поточно улиците „Јани Лукровски“, „Лазар Поптрајков“, „Христо Ботев“, 16-та Македонска бригада“ и објектите во индустриската зона – Пивара Скопје, Кока Кола и Алкалоид, како и корисниците од бул. „Киро Глигоров“ и населбите Маџари, Ченто, Хиподром, Стајковци и Трубарево во општина Гази Баба.