
Македонската јуниорска женска кошаркарска репрезентација со висок пораз од Данска (92:39) го стартуваше разигрувањето за пласман од 9. до 18. позиција на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во романскиот град Плоешти.
Македонските кошаркари уште на самиот почеток влегоа во голема резултатска негатива.
Данската репрезентација за десет минути направи предност од (26:9), која до полувремето веќе стигна до недостижни (49:22).
Дора Алексова реализираше осум поени, Ана Ангеловска и Зара Стојковска имаа по шест реализации во македонските редови.