
Во најголемиот дел од Македонија во неделата ќе преолвадува сончево и топло време. Во текот на денот ќе дува слаб, а долж Повардарието и во источните делови повремено умерен ветер од северен правец.
Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе биде 8.
Утринските температури се движат меѓу 11 и 21, додека максималните соодветно ќе бидат во опсегот од 30 до 39 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец и температура до 38 степени