
Во петокот во Македонија ќе продолжи да преовладвуа сСончево и многу топло време, но со благ пад на температурите и со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Индексот на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе изнесува 8.
Утринските температури се движат меѓу 13 и 21, додека највисоките во текот на денот соодветено ќе бидат во интервалот од 31 до 39 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината, исто така, ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерен развој на нестабилна облачност. Температурата ќе достигне до 39 степени.