
Фудбалерите на Париз Сен Жермен ја започнаа одбраната на титулата на францускиот шампион со сигурна победа од 4:1 (1:0) на гости против повратникот во елитното друштво Авр.
Сепак, конечниот резултат е залажувачки бидејќи до 84. минута беше само 1:1, но парижаните во самата завршница го „скршија“ домашниот тим со три гола. Првиот гол за ПСЖ го постигна Ли Канг-Ин (3), Лорис (48) го израмни резултатот на 1:1, а потоа Дембеле (84), Баркола (86) и Коло Муани (90- од пенал) обезбедија победа за фаворитот.
Во сабота играат Брест – Марсеј, Ремс – Лил и Монако – Сент Етјен, а в недела Оксер – Ница, Монпеље – Стразбур, Тулуз – Нант, Анже – Ленс и Рен – Лион.