
Пороен дожд, проследен со грмежи, ситен град и силен ветер попладнево го зафати Куманово. Според информациите на Регионалниот центар за управување со кризи пријавена е падната метална конструкција на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“, паднат покрив на зграда на улица „Тоде Думба“, на неколку локации немало електрична енергија.
И покрај дождот имало неколку пожари од помал обем во Кумановско, а во РЦУК Куманово имало пријави за два одрона во рурални средини, едниот во Липковско, вториот во Старо Нагоричане.
На дел од улиците во Куманово, се слеваше вода и сообраќајот беше отежнат. Екипите на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, се на терен и ги отстрануваат паднати гранки и стари дрвја на неколку локации во Куманово и ги чистат затнатите канали и наноси на булеварот „Октомвриска револуција“, кај „Средорек“.