
Италијанецот Јаник Синер и Американецот Френсис Тиафо ќе играат во финалето на тенискиот Мастерс во Синсинати.
Светскиот тенисер број еден Синер во полуфиналето го победи Германецот Александар Зверев со 7-6(9), 5-7, 7-6(4), додека Тиафо беше подобар од Данецот Холгер Руне со 4-6. 6-1, 7-6 (4).
Италијанецот ќе се обиде да ја освои својата 15-та титула, додека за Тиафо ова е прво турнирско финале од Мастерс серијата.
На женскиот дел од турнирот во Синсинати, во финалето се пласираа Белорусинката Арина Сабаленка и Американката Џесика Пегула. Во полуфиналето, Сабаленка ја елиминираше првата светска тенисерка од Полска, Ига Швјонтек со 6-3, 6-3, додека Пегула беше подобра од Шпанката Паула Бадоса со 6-2, 3-6, 6-3.