
Околу 40 ракети биле истрелани утрово од Либан кон Горна Галилеја и Голанската Висорамнина, соопшти израелската армија.
Некои од ракетите биле пресретнати од противвоздушна одбрана, а засега нема извештаи за повредени, пишува Тајмс оф Израел.
Нападот се случи откако израелската армија синоќа нападна складиште за оружје на Хезболах длабоко на либанска територија.
Во тој напад е убиен истакнат оперативец на Хезболах, информира израелскиот портал.