
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски заедно со Министерот за правда Игор Филков, денеска во 17:00 часот, ќе остварат средба со Весна Дамева, Претседателка на Судски совет, во просториите на Владата.
Средбата доаѓа по бројните забелешки за работата на Судскиот совет, ниската доверба и отворениот повик на Владата и премиерот Мицкоски за предлози за реформи во Судскиот совет.
По завршување на средбата, Претседателот на Владата Мицкоски ќе даде изјава за медиуми.