
Кривопаланечката публика нестрпливо ја очекува омилената пејачка, а Калиопи ветува незаборавна ноќ со бројните гости и посетители, на 24 август, на Градскиот плоштад во Крива Паланка, која е во знакот на фестивалските денови по повод патрониот празник на заштитникот „Свети Јоаким Осоговски“.
Покрај Калиопи, втората фестивалска вечер ќе настапат и музичките групи Кисити, Парампашчад и Бубњиви и Пси, додека првата фестивалска вечер е резервирана за Конкверинг лајон и Суперфикс.
Организаторите на „Џој фест“ и годинава ветуваат незаборавна журка со многу музика и забава, по вкус на сите генерации.