
Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи во петокот на новинарско прашање за проширувањето на позитивната листа на лекови со девет нови генерики, посочи дека час поскоро треба да биде имплементирана и применета.
„Од она коешто ми го соопшти практично пред една недела министерот за здравство на еден друг настан во Клиниката за дигестивна хирургија е дека после долго време Фондот за здравство конечно ја прошири листата и додаде нови девет генерики кои што се многу важни за пациентите, исто така милиони евра парите на граѓаните ќе бидат заштедени и тие пари ќе останат во паричниците на граѓаните“, објасни премиерот Мицкоски и додаде дека час поскоро треба да започне со примена на истото.
„Јас мислам дека сите процедури се завршени и час поскоро сето тоа треба да биде почнато и да биде имплементирано и применето“, кажа премиерот.