
Сицилијански обвинители соопштија дека истражуваат потенцијалнo злосторствo за несреќа на брод од небрежност и убиство од небрежност откако суперјахта потона при што загинаа седум лица, но нагласија дека нивната истрага е во рана фаза.
На прес-конференција, државниот обвинител Амброџо Картосио денеска не идентификуваше осомничени и рече „не исклучуваме ништо“ откако јахтата Bayesian потона во понеделникот по невреме. Загинаа британскиот технолошки тајкун Мајк Линч, неговата ќерка тинејџерка и уште петмина други лица.