
На 23.08.2024 околу 23 часот во Пробиштип полициски службеници од ОВР Пробиштип и Отсекот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Штип ги лишиле од слобода Ј.Ј.(28) и Д.М.(21) од Кратово, како и Ј.Ј.(38), И.С.(32) и Д.В.(20) од Пробиштип.
Приведени се поради тоа што кај нив биле пронајдени и одземени екстази и бела грутчеста материја.
Известен бил јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.