
Албанската полиција привела двајца македонски државјани, момче и девојка поради кражба на плажа во познататиот приморски град Саранда.
Според полицијата уапсените во реонот на плажата наречена „Суво дрво“, на грчка државјанка ѝ ја украле чантата во која имало два мобилни телефони, три пара очила, паричник со пари и други лични предмети.
„Како резултат на брзото администрирање на пријавата на грчка државјанка, на 17 месецов, полициската станица Саранда овозможи идентификација, откривање и апсење на осомничените сторители – Д.Ш.(24) и С. Н.(28) двајцата жители на Северна Македонија“, соопшти полицијата.