
Попладнево околу 17 часот пожар ги зафатил магацинските простории на маркет на „Стокомак“ пред селото Дабиле, кај Струмица и се ширел кон внатрешноста на објектот, информираа од ТППЕ Струмица.
Според пожарникарите, во гаснењето на пожарот учествувале три против пожарни возила и 11 пожарникари, а благодарение на брзата и ефикасна интервенција пожарот е изгаснат и не е дозволено да се прошири и да предизвика големи материјални штети.
Причините за избувнување на пожарот засега не се познати и по извршениот увид треба да биде познато како дошло до опожарување на магацинските простории.