
Во заедничка акција на Шумска полиција од Кичево со граничната полиција во атарот на село Колари пресретнат е камион со огревно дрво од државни шуми без документи за превоз.
За сторителите поднесени се соодветни пријави до институциите, камионот со кој е превезувано дрвото е одземен и складиран во Полициската станица во Зајас.
Продолжуваме со зголемени акции во соработка со МВР, Шумската полиција и Национални шуми.
Максимално ќе се вложиме за стопирање на криминалот и трговијата со нелегално дрво и во борбата против нелегалната сеча на дрвата.