
Владата на САД дозволи увоз на одредени категории дијаманти од Русија до 1-ви септември 2025-та година. Ова се наведува во општото ажурирање на лиценцата на официјалната страница на Министерството за финансии на САД.
Дополнително, САД издадоа општа лиценца со која се дозволува увоз на дијамантски накит во земјата доколку тој се наоѓал надвор од Русија пред 1-ви март 2024-та година и не бил извезен или реизвезен од земјата по тој период.
Во февруари годинава американските власти објавија дека од 1-ви март ќе забранат увоз на несортирани (грубо обработени) дијаманти и дијамантски накит од Русија. Тие, исто така, го забранија увозот на необработени дијаманти од Русија со тежина од 1 карат или повеќе од истиот датум и дијаманти со тежина од 0,5 карати или повеќе од 1-ви септември, без разлика дали се преработуваат во трети земји.
Извозот на дијаманти од Русија падна за 12 отсто на 32,4 милиони карати во минатата година, според Процесот Кимберли (KPCS).
Според меѓународната организација, која е под покровителство на Обединетите нации, Русија во 2023-та година реализирала 33 отсто од светското производство на дијаманти, потоа Боцвана со 23 отсто, Канада со 14 отсто, Ангола со 9 отсто и Република Конго со 8 насто.
Истовремено, најголем извозник минатата година, според Процесот Кимберли, беа Обединетите Арапски Емирати (со учество од 30 отсто), Европската унија (17 отсто) и Русија (11 отсто).