Инфлацијата во Франција најниска последните три години

Годишната стапка на инфлацијата во Франција, според прелиминарните податоци, во авуст падна на 1,9 отсто од јулските 2,3 и сега е најниска во последните три години, објави францускиот Национален институт за статистика и економски истражувања.

Како што се наведува, падот на инфлацијата е пред се последица на многу поспориот раст на цените на енергијата, пишува Фигаро.

Цените на бензините во Франција минатата недела беа на најниско ниво од крајот на 2022, додека дизелот беше најефтин упште од почетокот на 2022.

Експертите најавуваа дека инфлацијата во Франција наскоро ќе падне под саканите 2 отсто, а слична прогноза даде и Банката на Франција која очекува во 2025 инфлацијата во оваа земја да биде под 2 процента.