
Во петокот на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне кога нестабилно ќе биде на повеќе места, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
Индексот на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе има вредност 6.
Утринските температури се движат меѓу 12 и 21, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот од 21 до 32 Целзиусови степени.
Во Скопје и околинта денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, особено попладне кога во делови од котлината ќе има услови за појава ан невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Температурата ќе се искачи до 31-от степен.