
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска во Охрид оствари работна средба со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.
На средбата главна тема беа големите пожари со кои се соочивме ова лето и одговорот на институциите и системот во справувањето со нив. Заедничка беше констатацијата дека координацијата помеѓу полицијата и армијата, посебно околу гасењето на пожарите во југоисточниот дел на земјата, беше на исклучително високо ниво, што многу помогна во справувањето со огнените стихии.
Во таа насока министерот Тошковски и претседателката Сиљановска-Давкова разговараа за планираните реформи во креирање на модерен и ефикасен систем за управување со кризи, кој брзо и ефикасно ќе одговара на сите кризни појави во нашата држава.
Министерот ја информираше претседателката за безбедносната состојба во нашата држава, актуелните оперативни акции, посебно во градот Скопје, и посветеноста на полицијата за одржување на безбедноста и сигурноста на сите наши граѓани.