
Автобусите на приватниот превозник „Вестор транс“ утре ќе ги реализираат, континуирано и редовно, сите линии како што е договорено со ЈСП и Град Скопје, соопштија од компанијата откако медиумите објавија дека приватните превозници oд 2 септември приватните превозници одлучија да пуштат само по 1 автобус на секоја линија.
-Јавниот превоз организиран од страна на „Вестор транс“ во понеделник продолжува да функционира непречено и согласно со возниот ред. „Вестор транс“ ги почитува и реализира обврските што произлегуваат од законите, одлуките и актите, со кои се уредува превозот на патници и ќе продолжи да го извршува договорот со континуирано и редовно одржување на линиите 9, 11, 11а , 12, 47 и 55 за кои има добиено дозвола за превоз – велат од компанијата.