
Унапредување на економската соработка е заеднички приоритет на Македонија и Србија, најави министерот за транспорт Александар Николоски.
-На денешната средба со министерот за надворешна и внатрешна трговија Момировиќ разговаравме за поврзување на пазарите и зголемување на трговската размена. Македонија има огромно влијание врз регионалниот развој и политиките на Владата и во наредниот период ќе бидат фокусирани во насока на зајакнување на регионалните пазари, создавање на олеснување на трговијата и транспортот како и интеграција на земјите од регионот на европскиот пазар, посочи тој.