
Во средата во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи.
Утринските темепратури се движат од 8 до 18, додека максималните во текот на денот ќе бидат во интервалот меѓу 24 и 36 Целзиусовите степени.
И во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Температурата ќе достигне до 36 степени.