
Денеска во 04.21 часот во полицијата било пријавено дека во двор од куќа на подрачјето на Гази Баба бил опожарен автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 27- годишаната О.С. од Скопје.
Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.