
И во четвртокот на територијата на Македонија ќе продолжи да преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи.
Утринските температури се движат од 10 до 19, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот меѓу 26 и 36 Целзиусови степени.
Во Скопје и во околината денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Температурата ќе достигне до 34 степени.