
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 18-годишниот Д.И. од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ во врска со„семејно насилство и „телесна повреда“ во врска со семејно насилство.
Пријавениот кон крајот на мај со тврд предмет го скршил стаклото на возилото на неговиот 59-годишен татко, а потоа физички го нападнал.