
Денеска бев во Кавадарци каде што започнува Тиквешкиот гроздобер. Лозјата кои ги негуваат со љубов и труд, сега ги откриваат своите богатства. Овој ден е момент на славење на нашето наследство и заедништво. Секој грозд е резултат на работа и посветеност, објави на својот Фејсбук профил претседателот на македонската влада, Христијан Мицкоски.