Променливо облачно, претпладне со дожд

Во среда во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и со локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Утринските температури се движат меѓу 7 и 18, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе биде во опсегоѕ од 17 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд. а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 26 степени.