
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер во Софија присуствуваше на настапот на македонската национална опера и балет, што во Софиската опера и балет ја изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди.
На настапот на македонските уметници, со кој беше отворена оперската сезона во Софија, присуствуваа и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кои се во состав на македонската делегација.