
Во Македонија во вторникот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.
Утринските температури се движат од 5 до 11, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 14 и 25 Целзиусови степени.
И во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремен слаб дожд. Максимална прогнозирана температура е 23 степени.