
Светската ракометна федерација ги потврди саатниците за натпреварите од групната фаза на Светското првенство во 2025 година каде ќе настапи и нашата ракометна репрезентација.
Машката репрезентација на Македонија своите натпревари против Унгарија, Холандија и Гвинеја ќе ги игра во „Вараждин Арена“ во Хрватска.
Првиот меч Македонија ќе го игра на 15 јануари од 20:30 часот, додека мечот со Холандија се игра на 17 јануари од 18:00 часот.
Последниот дуел од групата против Гвинеја ќе се одигра на 19 јануари во вечерниот термин од 20:30 часот.
Ако Македонија продолжи во главната рунда на СП 2025 и тие натпревари ќе ги игра во Вараждин.