
Во четвртокот на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи.
Утринските температури се движат од 8 до 14, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе достигнат меѓу 13 и 24 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот во делови од котлината ќе има повремен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Прогнозираната максимална температура е до 23 степени.