
Регулаторната Комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Со одлуката, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на Одлуката од 16.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 од утре ќе биде 75,00 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 77,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на 16.09.2024 година и така, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 67,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,499 ден/кг, во однос на цената утврдена од 16.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,827 ден/кг.