
Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија.
Министерството за социјална политика, демографија и млади на граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.