
Денеска учествував на заедничка меѓувладина седница помеѓу Владата на Македонија и Владата на Унгарија. Заедно со двајцата премиери и останатите министри дискутиравме за значајни прашања од заеднички интерес, објави на Фејсбук министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
-Денешните разговори беа насочени кон зајакнување на економските врски, реализација на инфраструктурни проекти, поттикнување на културната соработка, како и интензивирање на напорите во борбата против криминалот и корупцијата, потенцираше во објавата.