
Народната банка на Северна Македонија денеска го објави редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.
На крајот на вториот квартал од 2024 година, поточно на 30.6.2024 година, нето надворешниот долг изнесува 4.481 милион евра (или 30,8% од проектираниот БДП).
Нето надворешниот долг на земјата во вториот квартал од 2024 година е зголемен за 109 милиони евра, или за 2,5%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг, со 64%.
Во текот на вториот квартал од 2024 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 185 милиони евра и изнесува 8.622 милионa евра, што претставува 59,2% од проектираниот БДП за 2024 година.
