
Во саботата вечерта, околу 20,30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица гo лишиле од слобода 33-годишнио Х.Д. од Струмица. Тој истиот ден претходно околу 6,40 часот на регионален пат Струмица-Валандово, на излез од село Костурино, струмичко, управувајќи патничко возило „фиат” учествувал во сообраќајна несреќа со трактор „имт” со струмички регистарски ознаки, кој влечел нерегистрирана приколка, управуван од 40-годишниот Р.Ш. од село Костурино, по што Х.Д. го напуштил местото на настанот.
Во сообраќајната несреќа на местото на настанот починал 51-годишниот Г.Б. од село Костурино, а со телесни повреди се здобил Т.Б. на 54 години, од село Костурино, кои се превезувале на полуприколката.
Увид на местото извршија јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. Х.Д. е задржан во Полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.