
Во неделата (06.10.2024) околу 14 часот во СВР Тетово, од болницата во Дебар било пријавено дека кај нив бил донесен починат 67-годишниот Ј.А. од селото Скудриње, општина Маврово и Ростуше.
Според пријавеното, тој паднал од дрво и починал додека со неговата невенчана сопруга 53-годишната Џ.Б. од Република Албанија собирале костени.
Откако бил однесен во болницата, Џ.Б. ја напуштила болницата и во 17,10 часот била лишена од слобода на граничниот премин Џепиште во обид да ја напушти државата. Таа била задржана во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.