
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во средата рече дека одмаздата против Иран за неговиот ракетен напад ќе биде „смртоносна, прецизна и изненадувачка“, во видео објавено за израелските медиуми во средата.
„Кој и да нѐ нападне, ќе ја плати цената. Нашиот напад ќе биде смртоносен, прецизен и изненадувачки. Тие нема да разберат што се случило и како се случило“, рече Галант откако го опиша иранскиот ракетен напад од 1 октомври како неуспешен.
Галант во изјавата рече дека ја одложил посетата на Пентагон, како што објави претходно американското Минситерство за одбрана, на барање на премиерот Бенјамин Нетанјаху пред тој да разговара со америтканкиот престедатело Џо Бајден.
Бајден и Нетанјаху разговараа во средата поради зголемените тензии со Иран. Телефонскиот разговор, кој беше потврден од двете земји, е првиот јавно познат разговор меѓу Бајден и Нетанјаху од август, а се случи во време на остра ескалација на израелскиот конфликт со Иран и либанскиот Хезболах и без знаци на неизбежен крај на конфликтот со Хамас во Газа.
Односите меѓу Бајден и Нетанјаху беа напнати и затегнати поради начинот на кој израелскиот лидер се справува со војната во Газа и конфликтот со Хезболах, како и отсуството на правовременно информирање на Вашингтон за воените операци од страна на Израел.