
Во петокот на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Попладне во северните и источните делови врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Утринските температури се движат меѓу 8 и 16, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во интервалот од 18 до 28 Целзиусови степени.
Во Скопје и околинате денеска ќе биде променливо облачно, попладне со повремен дожд и ретки грмежи. Температурата ќе достигне до 25 степени.