
Во неделата во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималните температури се движат во интервалот од 3 до 12, а максималните соодветно од 16 до 25 Целзиусови степени.
Во Скопје денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Температурата ќе достигне до 22 степени.