
Вработените во Германија долго време одвојуваат дел од заработката за задолжителна пензија, а на крајот добиваат малку. Поточно, просечната пензија по 45 години и два месеца работа изнесува 1.500 евра, јавува ДПА.
За пензија од 1.250 евра, вработен мора да работи и да плаќа придонеси 37 години и седум месеци, соопшти Министерството за социјална заштита. За пензија еднаква на минималната осигурена сума од 938 евра, работникот треба да плаќа 28 години и три месеци придонеси од плата.
Пресметката на Министерството се заснова на претпоставката дека вработениот се пензионирал на 1 јануари годинава, откако ја примил просечната плата и просечните исплати на пензискиот фонд.
Сепак, многумина не го заработуваат националниот просек, милиони граѓани во Германија и по повеќедецениска работа не добиваат соодветна пензија.