
На 17 октомври, четврток, со почеток во 19:30 часот, во НУ Центар за култура Крива Паланка, ќе се одржи музичко – сценска вечер насловена „Трите тенори и уште нешто…“ на која ќе настапи Камерната опера од Благоевград, Бугарија.
Главни гсоти се трите тенори Јуриј Николов, Михаил Михајлов и Георги Динев, придружувани од оркестарот на Камерната опера Благоевград. Концерт мајстор е Стоил Богданов, а диригент Георги Еленков
На програмата се дела од Верди, Пучини, Доницети, Чилеа, Лара, Денца, Рота, Дала и други.
Оперниот спектакл „Трите тенори и уште нешто…“ е дел од манифестацијата „Есенски музички вибрации“ и „Крива Паланка – Град на културата“.
Влезот е слободен за сите посетители.