Голема полициска акција – уапсени се 35 полицајци и цариници

МВР синоќа спроведе голема полициска акција во струмичко-гевгелискиот регион во која според дел од медиумите уапсени се околу 35 цариници и полицајци. Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата, но се уште не открива детали. Оттаму велат дека се координираат со Јавното обвинителство за организиран криминал, па повеќе детали се очекува да соопштат во текот на денот.

Од она што е познато акцијата ја води јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

Приведувањето на цариниците и полицајците се одвива од синоќа во Гевгелија и Струмица, а за уапсените службени лица постојат сомневање дека зеле мито и несовесно работеле во службата.

Според информациите од МВР, акцијата има за цел да ги расплете нишките на сериозен криминален кој веќе подолго време е под лупа на правосудните органи.