
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта се изјасни против новиот формат на Лигата на шампионите. Тој особено не го одобри поголемиот број натпревари на турнирот.
-Мислев дека ќе добиеме повеќе пари, но се покажа дека добивме повеќе натпревари. Да се освои Лигата на шампионите е престижно, но очекував се да биде поинаку. Суперлигата? Таа е пожива од кога било и се е подготвено за неа. Потребно е само да се постигне разбирање со фудбалските организации. Барселона ќе се обиде да ја игра улогата на мост меѓу Суперлигата и федерациите, потенцираше газдата на каталонскиот клуб.
Лапорта се изјасни негативно и за натпреварите во Лигата на нациите.
-Јас сум против овој турнир. УЕФА го организира преку задната врата. Таму не се почитуваат правата на играчите, а клубовите плаќаат. Работите мора да се регулираат за да бидат во интерес на играчите и клубовите, додаде Лапорта.