
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен оствари најдобро време во квалификациите за спринт трката во Остин, Тексас.
Актуелниот Ф1 шампион оствари време 1:33.908, односно беше само за нијанса, 12 илјадитинки побрз од Џорџ Расел од Мерцедес.
Третата позиција му припадна на Шарл Леклер од Ферари, а потоа следат вториот во генералниот пласман Ландо Норис, Карлос Сајц, Нико Хулкенберг, Луис Хамилтон, Кевин Магнусен, Јуки Цунода и Франко Колапинто кој ја заокружува првата десетка.
Спринтот се вози вечерва од 20 часот, додека главната трка за Големата награда на Соединетите Американски Држави закажана за недела.